АПЕЛ ЗА ПОМОШ

Потребни се финансиски средства, за лекување и итна операција во Турција, на Виктор Николоски (26), сопруг и татко на четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.

Неговата сопруга, Александра Николоска обваи дека една недела, по крштевањето на нивнот дете, Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото семејство.

– За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е итна операција која може да се изврши во клиника во Турција. Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете!– напиша на социјалните мрежи сопругата Александра Николоска.

Во хуманитарната акција Виктор Николоски да ја добие животната битка и да остане столбот на семејството, се вклучи Општина Прилеп, јавните претпријатија, установи и институции, кафетерии, ресторани, поединци.

Помош и поддршка на Виктор сеуште му треба!

Loading