Глодари има и во политичкото подземје.
*
Суровоста и лукавоста не можат да ги заменат нежноста, љубовта и искреноста.
*
Зарем никој што владее не може да остане чист.
*
Само уметноста може против структурите на моќта.
*
Корисни идиоти им требаат само на идиотите.
*
Некој со “ролс – рој”, некој со “ферари”, некој со “на аџи – пеша пајтонот”.
*
Среќата се множи кога се споделува.
“Д-р Хаџи-Васков”