Повеќе луѓе имаат здравствени проблемипоради вишокот килограми. Тие постојано трагаат по најоптимални решенија за слабеење.
Многумина пробале цимет во вода и успеале значително да ја намалат тежината и го подобриле здравјето. Овој зачин има корисни својства и помага не само во слабеењето, туку и во лекување на болестите на бубрези и црн дроб.
Главните својства на водата со цимет, покрај здравото слабеење, е забрзување на метаболизмот, подобрување на преработката на шеќерот во крвта дури за 15 пати, а со тоа го намалува и чувството на глад. Водата со цимет го ослободува телото од сите токсини, ја одржува гликозата во нормални граници, ја нормализира работата на цревата и црниот дроб и на целиот дигестивен систем, дава енергија.
Циметот содржи многу корисни микро и макро елементи како калциум, железо, калиум, магнезиум и цинк. Ароматичниот зачин е богат со витамините А, Ц и Б. Комбинацијата на цимет и мед не помага, ако се внесува многу шеќер, односно јаглехидрати. Циметот не е волшебно стапче. Помага ако се внимава на исхраната, ако се пие многу вода дневно и ако се прават малку физички активности.
Комбинацијата од цимет и вода помага кај кардиоваскуларните болести и хроничниот умор. Секое утро може да се пие оваа инфузија која значително ја зголемува виталноста. Помага и кај болести на гастроинтестиналниот тракт, при настинки, васкуларни болести и намалување на какви било воспалителни процеси. Постојат многу рецепти за слабеење со вода и цимет, со или без мед. Комбинацијата е одлична.
Потребни се една чаша 200-250 мл. врела вода и половина лажичка цимет во прав (ако додавате мешавина од цимет и мед, треба да биде во однос 2:1, а водата да биде млака). Се меша и се чека да се излади. После половина час се додава мед и пак се меша. Се пие како напитокот. По желба можете да се цеди. Алергичните на мед, може да го изостават, а напитокот ќе функционира. Количината може да се подели. Првиот дел да се испие наутро на гладно, а вториот дел навечер.
Потребно е секој ден да се приготвува нова доза, а вториот дел да се чува во фрижидер. Пред да се испие малку да се загрее. За две недели се чувствуваат бенефитите од оваа “инфузија”.