СО ВЕРБА ВО БОГА И ЖЕЛБИ ЗА ЗДРАВЈЕ И СРЕЌА

Прилепчани верни на традицијата за празникот Богојавление – Водици

Бобан Тошески (25) е прилепчанец кој го фати крстот меѓу 130 учесници кои влегоа во водите на базенот во хотелот Салида каде се изврши чинот на положувањето на светиот крст на празникот Богојавление Водици. Тој беше најусшешен при шестото учество на настаните откако првпат скокал во Охрид.

– Годинава очекувам многу среќа, здравје и бериќет. Им посакувам на сите мои роднини и пријатели. Инаку, имам завршено факултет и работам со приватен бизнис – изјави Бобан Тошески.

Борче Јовчески, градоначалникот на Прилеп му врачи пригодни подароци од локалната самоуправа.

– Водици е празник што нè обединува, што ја симболизира верата, надежта и љубовта, вредности што ни се потребни за да останеме силни, сплотени и истрајни – рече градоначалникот Јовчески.

И во 20-тина села во општината Прилеп, традиционално, се одбележа Богојавление – Водици.

Во езерцето кај селото Плетвар, петтипат се одржа традиционалното влегување на верниците со крстот во рацете во студените води. Меѓу храбрите имаше и деца.

Loading