Барем досега, на средина од зимата, ова годишно време не ја покажува острината на “забите”. Кочан зима нема, освен маглата. Но, природата умее да биде најдобар уметник. Камерата забележа крај река брези во зимскао руво. Накитени со сињак, изгледаат небаре сребрени скулптури на надарен вајар.

Темнината на маглата ја осветли сињакот со бисерни ситни мранзули. Гранките не натежнале со снег, туку студот креирал уметничко дело за празник на очите. Иако студи, природната декорација ја грее душата и предизвикува чувство на радост од зимскиот амбиент.
