Фељтон: Томе Велјановски
Исто, во тоа време се ожени во Прилеп нејзиниотр брат, дваест и петгодишниот Ѓорѓија ПетрескиМурџески, второ дете во фамилијата на Кова и Ѓурѓа, без свадби и сватови, застава и брзо се заборават кај мештаните за годината 1954. Ѓорѓија Мурџески се ожени за мома прилепчанка со име нејзино Зора. И овај брачни пар си оснива пород. Откако се завршија василичините адети делач на василичиниот подарок, триесет и двегодишниот василичар, врсник и школски другар на домаќинот Димитрија Бабјак со тепсијата в раце застана на излезната врата од куќата, почна да дели од василичиниот подарок, колбавчиња.
Децата први наредени во ред добиват колбавче и заминуват во соседната куќа од брато на Јован, кај Цветан Мурџески. По нив, се редат и возрасните василичари, заминуват во истата куќа кај Цветан Мурџески. Разиграни со песни и ора, пречекани со вино и ракија од домаќино Ванчо.
Децата одат први, е отворат печката со стапчињата удират на жарјето, прават цив пиле и викат во исто време суро, суро. Кај Цвета како гости беа дојдени двата зетови Цане Сиве од с. Добрушево, момчето на Сребра и зето Глигур Максим од с. Шелеверци. Додека третиот зет од Илинка, Ќиро Пецаковски од с. Трап беше отсутен од зетовскиот традиционален гостинлок.
Адетите се направија со цив пиле и викање суро, веселбата со музиката исто така, изведена со ора и песни. Меѓу децата се слушна, ајде да одиме, го видоме делачо Ванчо Бабјак излезе на чардакот со тепсијата в раце, полна со колбаси и почна да дели колбаси. Ванчо излезен надвор на чардако им дава по едно колбавче редум на сите. Со тоа беше напуштена Цветановата куќа. Василичарите со децата напред влегуват во куќата од Колески Веле. Цветановите зетови, Цане и Глигур од порано се познати во Марул.
Маштејата му на Цане, Таса му е сестра на Божин Јолески. Додека Петра Илица Крушкина Курелоска и е брачеда на мајка му на Глигур, двете се штавичанки од родот од Милевци. Марулските василичари чука здравица со Цане и Глигур и се мезеја со колбаси и пивти. Ванчо Бабјак, делачот на колбасите му е војнички другар за време на НОВ на домаќинот Мурџески Ванчо Петрески. Со тоа беше напуштена Цветановата куќа. Василичарите со децата напред и музиката замина кај Веле Колески.
Колевци повеќе не чекат гости, ниту пак коледари и василичари во старите куќи, во некогашните куќи на нивниот бег Емин. Последна нивна куќна радост е направена во старите беговски куќи, во беговата кула во есента во 1957 година со маженето на девојката Најденка со свадба за Вешероски Мише од с. Ношпал.
Во летото 1958 година направија нова камена куќа со дивит и визба на местото од Еминовата куќа. На еден камен од ќошот напред према дворот е обележана годината од градбата на куќата.
Триесетгодишниот Ванчо собра над просечна сила поред полската сета работа, косење, жетва, вршење и градба на куќата. Новата куќа беше завршена пред денот, селската слава Мала Богородица во Марул и гостите беа чекани во новата куќа. Изгледот на куќата поради е градена на повисоко место гледано од подалеку има прекрасен, фантастичен изглед. Сигурно да некој од василичарите за прв пат ќе влезат во новата Колеска куќа.
Василичарите кај Колевци пречекани домаќински со запалена печка, со жесток пијалок. Децата е отворија загрејаната печка со стапчината мава на жарјето, права и викат цив пиле и гласно викат суро, суро, суро.
Музиката жива и весела, трешти, ораџите Трајче, Бале, Трајче, Павле, Петре, Ќиро, Сребре, Атанас, Китан, Методија, Коста, симон, Спасе, Благоја тресат помешани си постари ораџи, се редат ора до ора. Тука за последен пат беше видена старата баба Мојсојца Неда Колеска, родена Никоска од с. Лопатица, прилепско точно дваесет години вдовица без мажот је Мојсо. Со баба Трајана деленици Никовци и Степановци. Во погледо беа врснички, но по лозата на родот таа Неда и беше тетка, на баба на таткото Николе му е прва брачеда од стрико. Мојсојца Неда почина во летото во 1959 година. Со испејаните неколку песни и изиграни ора се појави делачот на подарокот Димитрија Бабјак Колески, потомок по баба му Јана, мајка на мајка му Трајана со тепсијата в раце, се поткачи на каменото одморалиште пред куќата и дели од колбасите, сите кој доваѓат добиват парче колбас и заминуват во соседната куќа кај Колески Ќире.
Нема да заборавиме да кај Велевци гостин беше зето Мише од с. Ношпал, момчето на Најденка кој се замеша во веселбата на музиката како свирач и ороводач.
Кај Ќире василичарите расположени, весели, влегуват со весели песни, пречекани од својот соучесник василичарот Колески Благоја – Бале почестени со топол напиток. Додека возрасните разменуват здравици, децата ја завршија работата со цив пиле и викањето за денот суро, суро, суроо.
Музиката непрестано свири, се редат ора и песни, весело од повесело. Децата со јак осет и мирис нарипа, ајдете чичко Ќиро Котески го виделе, излегол надвор со за да дели колбаси. Сите деца нарипа групно како јагнињата, едно преку друго кога прават средба со мајките. Котески Ќиро Колески потомок, второ поколеније после мајка му Јана Колеска. Ќиро поткачен на каменовото одморалиште со тепсијата в раце ин а секој кој излегува од куќата добива парче колбавче и така до последниот василичар од Ќиревата куќа. Додека излезат последните василичари, првите василичари веќе се кај Павлевци Ванчовци.
Децата што се вели радознали, голем интерес било на денот Коледе кога ги виделе загарите ванчоски кој лежеле под топлиот пампур испружени. Пампурот гори, загарите лежат оптегнати под топлиот пампур.
И овај ден, децата со трчање права кај Ванчовци за да ги видат загарите дали пак се под пампурот. Пампурот гори, загарите испружени лежат под пампурот поради пред некое време ловџијата Ванчо ги капел. Наспроти пампурот има поставено еден мангал со запален дрвен ќумур со жар.
Децата наместо да биричкат во пампурот за да прават цив пиле, сега се насобрани наоколу мангалот прават цив пиле и викат гласно за дено, суро, суро ин а ражените пржат колбаси, сите с евесели оти групно пржат колбаси. Тоа за нив е големо изненадување, затова што загарите од ловџијата Ванчо лежит дома како во градот додека селските кучиња времето го минуват за спиење во ржаната слама во гумното.
Невидена смеја и радост стана кај децата во тоа што загарите лежат под пампурот. А додека, во мангалот во исто време пржат повеќе деца колбаси.
Со влегувањето на возрасните василичари уште повеќе куќата се развесели со ора и песни пречекани со жесток напиток. Делачот на василичаркиот подарок Јолески Благоја, децата го видоја со тепсијата в раце, одма се наредија во ред за да примат василичен подарок. Благоја делачо застанат на чардакот при излезот на вратата од куќата, на секој од василичарите им дацва парче колбас. Се знае, кој се први на ред, децата земат први и заминуват во соседната куќа од Јоновци долни Павлевци.
Продолжува