Во последен двоброј на шведската антологија за современ стрип ЦБА, покрај селектирани уметници автори од Полска, Хрватска, Британија, од Македонија со стрип е застапен нашиот автор Златко Крстевски. Насловот на неговото делое е “Модерне Хаарпфлеге”.
Во стрип антологијата од Малме на 168 страници во колор, се поместени стории со пост апокалиптични визии како сајбер панкот. Уметниците со свои сликарски и графички видувања ја интерпретираат интернет естетиката, лиминалните простори се празни или напуштени места кои изгледаат морничаво, запуштено и често надреално. Лиминалните простори се најчесто места на транзиција, кои се однесуваат на концептот на лиминалност.