“Заштита на растенијата на здрав, природен и еколошки начин”

Прирачник од д-р Билјана Консулоска Гвероска

“Заштита на растенијата на здрав, природен и еколошки начин” е новиот прирачник на д-р Билјана Консулоска Гвероска. Обработени се природни препарати и рецепти за нивна подготовка. Се посочуваат рецепти за други природни средства за заштита, освен растенијата. Поместени се општи препораки за подготовката на природните препарати, препораки за успешна примена и сé друго што може да се примени како природна заштита на растенијата.

Книгата е наменета за индивидуални земјоделци, ученички активности во училишните градини и за сите производители на земјоделски производи кои сакаат да произведуваат на еколошки и безбеден начин.

– Се нудат можности за еколошки начин на заштита на растенијата од разни штетни агенси. На еден природен, безбеден начин да им помогнеме на растенијата да бидат здрави и силни. И тие ќе се заблагодарат со здравје, со чиста животна средина. Ќе ни подарат прекрасни плодови за здраво тело и здрав ум – вели Консулоска Гвероска, научен советник и редовен професор во Институтот за тутун при УКЛО.

Таа лани ја објави книгата “„Агроеколошки принципи и можности за заштита на растенијата од болести”.

Таа е веќе 30 години е научен истражувач на полето наа фитопатологијата и болестите на растенијата, со специјалност на тутунот. Автор е на 140 научни трудови, коавтор е на библиогафија на НИТ-Прилеп и на едно учебно помагало. Потпишана е на брошурата (на македонски и англиски јазик) која ја презентира десетгодишната научноистражувачка работа на најсовремената мерка за заштита на растенијата – биолошката борба, и истовремено претставува нејзин вовед во современото земјоделство на Македонија.

Loading