ТРАДИЦИОНАЛНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ВАСИЛИЦА

Празникот Св. Василиј Велики – Василица, кога според јулијанскиот календар се слави Православната Нова година, традиционално се одбележа на 14 јануари. Пред Градскиот саат на манифестацијата „На Василица во Прилеп 2025”, се делеше бесплатно мазник со паричка и топли напитоци.

Најсреќна беше Валентина Конеска. Таа ја пронајде паричката во мазникот. Од локалната самоуправа и посакаа многу здравје, среќа и успех нејзе и на нејзината фамилија.

– Настанот ја покажа убавината на обичаите и важноста за зачувување. Да ги негуваме адетите заедно, затоа што тие се темелот на нашата заедница и култура – рече градоначалникот Борче Јовчески.

Традицијата на вртење мазник со паричка се негува во секој прилепски дом. Се вртеше паре и во институциите, фирмите, дури и дуканџиите в чаршија го направија адетот.

Се верува дека симболиката на паричката во мазникот е дека носи среќа, здравје и благослов за тој што ќе ја најде.

Loading