Прилепчани на Европско првенство

Шах

Во Скопје се одржа Европско првенство во три дисциплини – рапид, блиц и Фишеров шах, на кое учествуваа и прилепски шахисти. 

Во рапид-групата беа 398 шахисти од 38 држави. По одиграните 11 кола, од прилепчаните со пласман се издвојуваат ВМ Звонко Станојоски (125. место) и ФМ Роберт Велески (149. место) и двајцата со по 6 поени, како и кадетот Никола Павлески (209. место) со 5,5 поени. Во блиц-групата учествуваа 368 шахисти од 38 држави. Овде се одиграа 13 кола. На конечната табела – ВМ Роберт Велески е на 154. место со 7 поени, ВМ Звонко Станојоски на 163. место со 6,5 поени. Во Фишеров шах беа 142 шахисти од 33 држави. Се одиграа 11 кола. На крајната табела – ФМ Роберт Велески е на 72. место со 5 поени, а ВМ Звонко Станојоски на 91. место со 4,5.

Во рапид и Фишеров шах победник е ВМ Владимир Федосеев (Словенија), а во блиц  ВМ Џорден ван Форест (Холандија).

Loading