Ракомет
Во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” се одвиваат подготовките на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Пред шефот на Стручниот штаб Божидар Мојсов е играчкиот кадар од есенскиот дел, а засега не се најавени никакви промени. Постои вербата дека со истиот тим може да се избори пласман до шестото место, до плејофот. Оваа цел не е недостижна, иако на есенската табела Прилеп е на осмото место со 14 бода. Воопшто не се далеку конкурентите – Пролет со 14, Тиквеш и Бутел по 16 бода. Покрај тренинзи, зимава ќе се одиграат и неколку пријателски меча, до 9 февруари, кога е првиот првенствен меч дома, со Бутел.
Вниманието на ракометната јавност е кон Светското првенство, каде Македонија во средата одигра против Унгарија, вечерва е дуелот со Холандија, в недела против Гвинеја.