Фељтон: Томе Велјановски
Опслужените василичари одат кај новиот домаќин Јолески Благоја мал Тито. Децата василичарчиња извадоја жарје од запалената печка со стапчињата, направија цив пиле и викотници за денот Василица. Веќе кај Благоја се огласи музиката Нацко и Петре Мурџески со кларинето и тапано. Василичарите шмрка топла ракија, се позагреја и направија неколку ора и песни.
Делачо на василичарскиот подарок Ванчо Бабјак, зет за прва брачеда на Благоја од тетка на мајка му сестра, излезе со табле бисквити, радост за малите деца, добива по две бисквити. За малите деца бисквитите повеќе посакувани него колбаси. Собрани децата во група прават разговор помеѓу себе за убавината на бисквитите и си грицка од нив како млади јагниња сено или зајаче зелка или морков. Алексо Трајаноски на Благоја Јолески му е зет за втора брачеда по мајка му Доста по родот Јанкоски од Марул. Алексојца Спасија Трајаноска Танеска и Петреска Ванчојца Веселка се втори брачеди по родо Јанкоски.
Василичарите од кај Јолевци напред, децата одат в комши кај Димитријовци односно Новачевци. Пречекани домаќински, врата отворена. Децата одма е вршат својата василичарска работа, е отворат печката – пампуро со стапчињата прават цив пиле и викат гласно суро, суро. Додека возрасните василичари се паднати од топлата сливова ракија која им е понуди домаќинот Милан за добре дојдовте во нашава куќа.
Василичарите со чашите в раце во чест за денот наздравува со гостинот зето Маркоски Благоја Далипот, момчето на Аргида, штавичанец. Свирачите е активира музиката со по неколку песни и ора. Делачот на василичиниот подарок Колески Ванчо со тепсијата колбавчиња излезе на чардакот и почна со делењето на колбасите. Првите василичари кои добија колбаси е премина реката, влегоја во Западното маало кај Мурџески Мите. Николовци беа изоставени заради ланскиот настан кај Богдановци во Средно маало.
Василичарите кај Мите Мурџески пречекани со пијалок малите деца уште повесели расположени е отворија печката, прават цив пиле и се слуша викотници од нивниот дечки глас како петлина пропеани суро, суро, суроо. Музиката е активирана со поддршка од оровотците Трајче, Благоја, Павле, Петре, Трајче, Ќиро, Сребре, Китан помешан во нив со ораџи од постарите ораџи. Веќе тука му се дозна името на новороденото дете дека се вика Славе.
Делачот Колески Ванчо доби една дрвено табле со бисквити. Ванчо излезе на чардако и почна со делење на бисквитите. Голема радост за малите деца беше. Село без продавница како Марул кризно е за сите купени во домаќинската куќа. Од како беше украдена селската продавница во колективот на 14 јануари 1952 година кај Тодоровци досега не се отвори нова продавница иако имаше повеќе разговарано за селска продавница во Марул. Со напуштањето на Митевата куќа, василичарите продолжија со песни кај комшијата Мурџески Степан.
Мурџески Степан домаќинот во неговата куќа прво ги пречека малите василичарски деца со стапчињата во рацете кои ја отворија печката и со стапчињата прават цивпиле, тие жарје кои паднаа на подот во голема смеја ги тропкат со чевлите и викат суро, гласно.
Доваѓат и возрасните василичари како осамени поради нивните деца здружени помеѓу себе се како независни од нивните предпоставени водачи, први влегуват и излегуват во секоја куќа. Степан возрасните василичари ги пречека со пијалок, вино и ракија за благослов за денот.
Адетите се направија, свирачите отсвирија неколку ора и песни. Јолески Благоја со тепсијата в раце излезе на чардакот. Малите деца осетливи сите одеднаш излегоја наредени како школски строј, во ред, први прима василичен подарок колбавче и заминуват во соседната комшивска куќа кај Мурџески Јован, по нив и возрасните василичари.
Колевци се Мурџески крштеници и имаат многу големо меѓусебно поштовање и по тој повод Ванчо беше делач кај Мите Мурџески на василичарските подароци.
Мојсоски Мојсов Веле Колески 1908 – 1973 е оженет во 1927 година за Најдоска Трајчева Таса Бешлакоска од с. Подмол. Во 1928 година нив им се роде првото дете машко, го крстија Ванчо. После Ванчо им се родиле неколку деца, не им траеле, умирале. Во 1935 година им се родува дете девојче. Бабите јатрви Мојсојца Неда и Крстејца Митра од страв да не умри ова новородено дете одлучиле новороденото дете да го остават некаде надвор за некој минувач да го најди за да му биди нунко.
Бабите јатрви неделени Мојсојца и Крстејца од страв да не умри и ова новородено дете одлучиле детето да го остават некаде. Одлучиле и детето го оставиле во тревата поред ѕидот во внатрешната страна во огратчето Мурџеско кое се навоѓа на северната страна на излезот од селото по патот за в црква и се сокриле.
Нивното комшивче четиринаест годишното момче Мите Мурџески идејќи си за дома од каде ги отерал воловите за пасење во Садината во Орев. Само што наближал до нивното оградче слушнал дечки плач во нивното огратче.
Рзгледал преку ѕидот, видел во нивното огратче во тревата поред ѕидот, плачи мало бебе. Мите возбуден од настанот, случката си тргнал за дома за да му кажи на мајка му Ристејца Стојанка Мачороска штавичанка. Тогаш се појавиле сокриените баби Мојсојца и Крстејца, свикале по Мите. Мите, млад аџамија им одговорил, мајка ми е престара сега деца да одгледува. Бабите Колески на Мите му рекле кога не сакаш кај вас да го носиш, донеси го кај нас ние ќе го земиме и одгледаме. Мите пристанал на нивното барање, го зел детето заедно со бабите и го однесиле дома кај Колевци. Поради Мите го нашол детето, постанал нунко на крштавањето детето го добило името Најденка. Најденка или по куќно викано Наца преживеало, порастила девојка и во 1957 година се омажи со свадба за Вешероски Мите од с. Ношпал. За нејзината мајка Таса немаше податоци за годината од нејзинот родување. Таса Велејца Колеска умре во месец октомври во 1966 година.
Малите василичари од кај Степан откако го добија василичарскиот подарок први замина во соседната куќа кај Мурџески Јован. Децата како деца влегуват во куќата каде се чекат гостите василичарите, одат право кај запалената печка односно пампурот, го отворат вратничето од печката и со стапчињата ги мават жарјето. Ако некој жар падни надвор од печката тешко него, го газат со чевлите додека искра од него не угасни и потоа нивниот дечки глас викат суро, суро, суроо.
Додека децата ги направија адетите влегуват возрасните василичари, развеселени од музиката, виното и ракијата каде кој пиле дотогаш по куќи. Домаќинот Атанас ги почести гостите василичари со пијалок. Музиката свири, душемето се треси од разиграните василичари. Тука за прв пат беше виден од повеќемина василичари зетот Ванчо, прилепчанец, момчето на Благуна Мурџеска, ќерка на родителите Јован и Ѓурѓа Мурџески, родена четврто дете на нејзините родители која се омажи за деветнаесет години во зимата 1953/54 година. Отиде во Прилеп на помош тутун да му пегла на свои роднини и повеќе не се врати мома во родниот и Марул. Во согласност со Ванчо склопија брак и оснива фамилија. Ванчо по занает беше шофер. Во тоа време шоверот беше на ранг листа како високо образована личност.
Продолжува