Одлични пласмани во Кикинда

Стрелаштво

Последните натпревари од 2024 година беа успешни за прилепските стрелци. Особено значаен е настапот на Меѓународниот “Кикинда куп” во Србија. Со воздушна пушка се покажаа македонските репрезентативци Мартин Ангелески и Ирина Јованоска, преку освоени први места и златни медали. Ангелески (сега член на клубот Стрелец од Скопје), за два дена двапати постигна рекорд, личен и државен – прво со 627,2 круга, потоа со 628,2 круга. Ова се бројки кои ветуваат кандидатура за учество на Олимписките игри во Лос Анѓелес 2028. И Ирина Јованоска (членка на Херој Прилеп) беше најдобра, со резултат 600 круга. Двајцата беа успешни и на Купот на Македонија, во Битола.

Синоќа, под водство на тренерот Трајче Дамевски, се одржа првиот годинашен тренинг на Херој Прилеп.

Loading