Нови на првиот тренинг

Фудбал: Победа

Покрај снежното време, првите тренинзи на Победа се на теренот од Градскиот стадион “Гоце Делчев”. Нема време за одложувања. Планот мора да се реализира навреме, оти бргу ќе дојде 15 февруари кога е почетокот на пролетниот дел во Втората лига, со мечот дома против Брегалница. Пред шефот на Стручниот штаб Стојанче Дунимаглоски се тројца нови фудбалери: 25-годишниот неготинец Насаф Шабанов (Новаци) – напаѓач, 22-годишниот скопјанец Метин Ќерими (Вардар Неготино) – играч по левата страна и за врска, како и 25-годишниот прилепчанец Петар Петроски (Слога Виница) одбранбен играч, повратник во клубот по една година. Следниве денови се очекуваат уште нови. Напролет не ќе може да смета на голманот Антонио Столевски, за врска Давид Дебрешлиоски и напаѓачот Давид Јошески.

Во план се тренинзи и во сала за вежбање, како и пријателски мечеви. Закажани се тестови со Воска (Охрид), Шкендија (Арачиново), Пелистер (Битола), Вардар (Неготино), а желбата е и дуел со еден тим од странство.

Loading