И пензионерите вртеа мазник

Традиционално пензионерите од прилепското здружение на заеднички пригодни веселби се дружат за празникот Василица, или познат како Стара Нова година. Веселби имаше во клубовите. Покрај домашните јадења, задолжително се врти мазник со паричка на среќата.

Во централниот клуб стотина пензионери беа во “потрага” на паричката, но ксметот му се насмеа на виолинистот од оркестарот на пензионерте, Кирил Трајкоски.

– Сум свирел и веселел заедно со колегите на вакви настани. Сега ми е  задоволство што парето се погоди да биде во мојата четвртина бурек – рече Трајкоски.

Пензионерите ги поздрави претседателот Славко Трајкоски со желби за добро здравје и долг живот.

Василичарски средби на пензионерите имаше и во разграноците во Тризла, “Гоце Деллчев”, Рид 1 и 2, Варошко  маало и по клубовите во општините Кривогаштани и Долнени.

Loading