Границата меѓу исламот и православието

Нови Пазар

На југозападниот дел од Србија е Нови Пазар. Шармантен српски град, особено зиме, во близина е Копаоник. Богат е со историја, култура и традиција. Се ужива во убавите пејзажи при слегувањето од Копаоник.

Во архитектонското наследство е со посебна историја. Спојот на старото со новото дава автентично доживување.

Првин се разгледува новопазарската тврдина, што е средновековно турско наследствоод 15 век, кога градот бил основан. Бедемите се крената на крстосницата на патиштата кои водат кон Б и Х, Дубровник, и надолу кон Солун. Триагоната форма, опфаќајќи агли со различна димензија. Во 17 век се доградувала. Додадени биле нови кули, магацин за оружје и муниција, помала џамија и нова кула. Делулмно е зачувана, бидејќи дел од објектите  го однело времето. Ја нема џамијата, која српската војска ја урнала по балканските војни, како и една од кулите. Зачувана е кулата позната како Стара извидница покрај северниот ѕид. Вршени се археолошки истражувања. Сега има нов објект од градската библиотека. Околу е градскиот парк, со зелени површини. Тоа се “белите дробови” на градот. Омилено место е за за одмор и релаксација и зиме и во лето. Во еден дел од паркот има стар безистен, претворен во угостителски објект.

Преку улицата и се оди до Алтан алем џамијата. Таа е ремек дело на исламската архитектур. Последнива година се реконструира. Објектот е под заштита на државата. Го изградил Абдулџани, кој ги градел повеќето објекти на Балканот, меѓу кои и Куршумли ан во Скопје. Џамијата е многу ретка, слична на дел градбите во Истанбул, Едрене и во Бурса. Околу има мектеб, училиште и бројни епиграфи. Според патеписите на Евлија Челебија, џамијата е редок и историски исламски објект. Лејлек џамијата е најстара во Санџак од османлискиот период. Прекрасно е доживувањето низ стариот дел. Преку мостот е Себилјот во Нови Пазар, изграден 2010 година, фонтана со две чешми, создадена по теркот на сараевската. Себилј значи пат. Таа е раскрсница на стариот дел со новата чаршија. Себилј има историско значење, затоа што ја чува османската култура, особено духот на бошњачкиот народ.

Во Нови Пазар е црквата Св. Петар и Павле. Таа е најстар православен објект. Храмот има големо културно и верско значење. Била седиште на Рашката епископија. Заради автентичноста е под заштита на УНЕСКО како културно наследство. Во неа била пронајдена значајна колекција на предмети од злато, ќилибар. Тие се сведок за богатото минато.

Музејот Рас е во стара градска куќа со традиционална архитектура со експонати на археологијата, етнологијата, нумизматиката, ориенталистиката, применетата уметност…..

Крајот на денот се минува во традиционалните ресторани со вкусни кебапи со кајмак. Градот е Мека за традиционални јадења под сач. Се лижат прстите од многубројните пити и мантии, со компир, со спанаќ, сирење, тиква… потсетувајќи на домашната кујна и мајсториите на готвачите.

По одморот неизбежно е пазарењето во некоја од продавниците во градот на текстилот. Има сé и сешто. Ако остане време не се прескокнува манастирот Џурџеви ступови на СПЦ на неколку километри од Нови Пазар. Граден е од Стефан Немања. Богат е фрескоживописот.

Блиску се неколкуте хотели со спа центри со минереална вода  во зимскиот период.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading