Грандиозна ликовната збирка на Институтот за тутун и Заводот и музеј

Каталог за обемната ликовна збирка на уметнички дела што ја поседуваат Институтот за тутун и прилепскиот Завод и музеј е отпечатен, за јубилејот од еден век на Институтот за тутун. Автори се Александар Цветкоски и Паре Зареска.  Преку текст и фотографии се објаснува збирката на уметнички дела од Институтот за тутун и од Музејот за тутун, како настанала и што содржи, со што се потврдува силната врска меѓу поднебјето и уметноста.

Низ раскажување за Институтот за тутун и за Музејот за тутун, се објаснува приказната за тутунот, но и за ликовните дела, како и графиките што се купувани со години. Уметничката збирка датира од 1973 годин,а по повод 100 годишнината од постоењето на Тутунскиот комбинат. Тогаш имало изложба со дела од  врвни македонски и прилепски автори Ѓорѓи Ачески, Благоја Богески, Стеван Василески, Кирил Гегоски, Јордан Грабулоски, Ангеле Иваноски, Методија Менде Иваноски, Илија Кафкалески, Бранко Конески, Димитар Кондоски, Миле Корубин, Рубенс Корубин, Васил Костов, Борко Лазески. Илија Миноски и други. Наабавката на ликовни дела на тема тутун почната е откупната активност. Најпрво биле откупени делата од рускиот уметник Славин. Подоцна биле набавени осум оригинални графики од 19 и 17 век и 2 мошне ретки репродукции. Во 1975 година на збирката биле додадени вредни умтнички плакати од постари изложби на тутунски музеи. Има и неколку скулптури.

Ликовното депо се нарекува и приказна за “трите прилепски среќи”. Првата е доаѓањето во Прилеп на Велебит Рендиќ, кој ги образувал родоначалниците на прилепската и македонската ликовна уметност, втората е доаѓањето на многу белогардејци во нашите краеви, школувани уметници како Николо Славин и Константин Подушкин, кои во Прилеп твореле десетина години и оставиле повеќе од педесетина дела. Третата среќа е доаѓањето на д-р Бошко Бабиќ, кој го формирал прилепскиот музеј, нераскинливо поврзан со културното и уметничкото живеење во градот. Музејот станал “Мека” на Македонија, со огромна концентрација на археолошки локалитети.

Ликовната збирка на Музејот за тутун и Институтот за тутун има интернационален карактер и содржи 60 масла на платна, лесонит или картон, 14 акварели, 2 дела се темперни, 6 во пастел, има 5 цртежи во молив и туш, 3 колажи, 2 дела се во комбинирана техника, 9 графики, една дитографија, 6 бакрописи, 8 плакати, 528 каширани фотографии, 8 скулптури, 2 макети, една моногреафска публикација отпечатена во 17 век и факсимил на оригиналниот Рацинов ракопис на “Менка” (Ленка), што е вредно македонско богатство.

Од 2013 година, ликовната збирка има највисок степен на музејска заштита.

Loading