Претставата “Ученикот” премиерно ја зиведе ансамблот на театарот. Текстот е на Мариус фон Маербург, а режија на Кирил Петрески.
Современиот драмски текст говори за предизвиците на младата генерација.
– Во ова време сите се соочуваме со опасностите од разни екстремности, политички, религиозни или економски. Така, еден млад човек се среќава со сите прашања, барајќи одговор како да се бори и како да се соочува со нив – вели режисерот Петрески.
Актерот Зоран Иваноски смета дека во краткиот подготвителен рок постигнан е силен ефект.
-Во мојата актерска кариера не се случило за толку кус период со силен интензитет да се подготви претстава, толку сложно. Младите актери ја вратија желбата и волјата за творештво – рече Иваноски.
Играат, Зоран Иваноски, Марија Спиркоска Илијеска, Александар Тодески, и младите Лора Штарго, Наум Ѓорѓиески, Димитар Паскоски, Марија Талеска и Иво Јездиќ.