“Современи театарски осврти”  од Звонко Димоски

“Современите театрски соврти” е насловот на книгата со рецензии што ја објави Звонко Димоски. Уредничка на изданието е Оливера Андоноска, а рецензенти се Габриела Стојаноска-Станоеска и Сребра Ǵорǵијевска.

– Театарот, како уметност што постојано е во дијалог со времето, просторот и човекот, не претставува само сцена на креативност, туку и простор за критичка рефлексија. Во овој контекст, книгата е збирка на есеи со обид да го осети пулсот на современата театарска сцена во Македонија, преку анализа и интерпретација на одбрани претстави во продукција на националните театри, како и независните продукции, во меѓу 2021 до 2024 година. Книгата се стреми да ги покаже трендовите и предизвиците со кои се соочува современиот македонски театар, но и да ја прослави неговата моḱ како медиум за комуникација и трансформација – вели авторот Димоски.

Публикувани се и рецензии за претстави од прилепскиот театар.

Loading