Ракомет
Екипата Прилеп ја прекина серијата порази во Супер лигата на Македонија, со последниот триумф од 37:22 врз Радовиш. Ова се смета како победа на гости, иако се одигра во прилепската сала од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Најистакнати стерлци беа Давид Трајкоски со 10, Божидар Илиески со 6, Филип Адамчески со 4 гола. Тимот Прилеп есента ја заврши со 14 бода, преку 6 победи, 2 нерешени меча и 8 порази. Следи одмор до 9 февруари, кога е дуелот Прилеп – Бутел.
Табела: Алкалоид 30, Еурофарм Пелистер и Вардар 28, Охрид 25, Бутел и Тиквеш 16, Пролет и Прилеп 14, Куманово 8, Струга и Бисинов 6, Радовиш 1.