ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (271) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

И по завршувањето на божикните празници, младежот од машката пол ката вечер имаше собир на средселото со запален оган следено со музика поради свирачите се млади, им треба пракса. А додека, огнот по традиција се пали до Богојавление Водици. Тоа е традиција, исто како што се благословува од Божик до Водици, Христос се роди. Некој велат, навистина се роди. Или пак, од Божик до Водици Богојавление, водата е леунка, некрстена, секое утро постарите луѓе од куќата од машки пол од реката носат пресна вода за умивање на домашните. Додека на денот Василица утрото, се оди на река, таму се умиват луѓето со запален оган од слама пред да стани Баба Меца за да си го измие задникот. Тоа беше голема радост кај малите деца, е превариле Баба Меца мрзата и е оставиле нејзе. Сите овие горе наведени работи ако не се исполнат кај верниците останува празна мисла, празнина, шубе во душата на верникот.

Пред Василица вечерта на средселото се пали заеднички оган за цело село. Се народ, доваѓат и постари луѓе посетители, ги носат и своите внучиња за да е видат традицијата и веселбата и оганот. Се носат колбаси за печење, се топли ракија, се пие вино. Се престојува тука, на секого како што му одговара приликата и временските услови.

Ноќниот запален оган василичарски на средселото е поразличен од вечерниот оган во тоа што потпалувачо се смета како ранобудник и бестрашен човек. Откако ќе светни огнот почнуват да доваѓат постари домаќини луѓе со кошеви полни со ржана слама. Често пати се случува ако кошевите се слама кој ги носат стопаните ако се оштетени ги фрлат да горат во огнот со изговор во смеа весела има лескови прачки во осојот во Веслец други, нови ќе сплетиме. Кошови од прачки се плетат додека не се фатени од мразо иначе пука, се крша.

Имаме направено нови кошеви затова старите се фрлат, се слушна глас од поединци во разговорот на средселото на огнот. Во ноќниот односно утринскиот василичарски оган на сред селото редоследот поинаков спрема вечерниот оган. Нема мезење или викање со василичарски повици. Се придржуваат во чест и респект према куќните луѓе во селото уште спијат.

Многу жени домаќинки на оваа василичарска ноќ, сон не ги фаќа. Како на трње да седат од голема возбуда према гостите зетови од омажените им ќерки дојдени вечерни гости пред денот Василица. Дедовците велат, зет како пес. Додека бабите се трудат како поубаво да го пречека зето од страв да не и преговара за слабиот пречек од страна на ќеркината и родна куќа. Оти има една стара македонска поговорка која вели: Бракот е стална брачна војна со примирје кога се спие преку ноќта.

После одењето од кај огонот насобраните кој сред селото со донесената пресна вода од реката, а некој и на реката се мијат, утринско миење лице – образ како припрема за одење на дневна Василица низ селото кај Јолевци кај Божин. Сега се две Јолески фамилии. Таткото Божин и синот Благоја. Кога таткото Божин го викаше синот Благоја, Мал Тито. Поради Благоја бил наоружан со повеќе современи работи. Ловачка пушка шеш ловечки, мантил, сат, чизми ни Тито не му бил равен на Благоја. Божин изговараше тоа во смеа.

Насобраните василичари кај Јолевци беа бројчано исто како и за Коледе. Возрасни и мали деца школските ученици беа на училиште за школска настава. Поради религиозните работи беа надвор од државната програма. Гостин кај Божин му беше Милан Џелино од Штавица, момчето на Катерина. Откако се направија адетите со цив пиле и викање на децата со адето суро, суро, суро, делачот на василичарските подароци Танески Алексо Трајаноски излезе со тепсијата колбаси, се поткачи на едно камено седиште. На секој кој излегуваше му подаруваше парче василичино колбавче.

Продолжува    

Loading