Мал фудбал: Турнир “Свети Никола”
Дванаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола” го освои скопската екипа Гостилница “Кај Џек” со финален триумф од 5:1 над охридскиот АСП Пак. Најдобрата, меѓу 32 екипи, постигна седум победи во седум меча. Вторпат е победник. Пехарот го освои пред две години. За АСП Пак второто место е повторување на ланскиот пласман. Во дуелот за 3. место се сретнаа две прилепски екипи, Хајв кафе/Теа Андреа – Давид Коруноски 2:1. Ланскиот победник и сега се избори за висок пласман – третото место.
Имаше награди и за најдобрите поединци: Марио Богоевски од Гостилница “Кај Џек” (играч), Антонио Столевски од Хајв кафе/Теа Андреа (голман) и Андреј Јаневски од Гостилница “Кај Џек” (стрелец на 6 гола).
Во преполната сала од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” завршницата помина во присуство на д-р Борче Јовчески, градоначалникот на Прилеп.