Мантата е втор човек во ФФМ!

Фудбал

Промени во Фудбалската федерација на Македонија. Покрај изборот на првиот човек, претседателот Масар Омерагиќ, за прилепскиот фудбал е важно што за потпретседател е назначен Марјан Стојковски – Манта. Не изненадување со кариерата и сите досегашни функции. По означувањето крај како фудбалер – играч и капитен на Победа и член на репрезентацијата на Македонија, од 1999 година беше 10 години спортски директор на Победа. Три години мина како спортски директор на 11 Октомври. Од 2002 година наваму е претседател на ОФС Прилеп. Во УО  на ФФМ, влегува во 2012 година, а од 2019 година е национален директор на фудбалските селекции.

Прилеп како фудбалски град редовно има претставници во УО на ФФМ, бидејќи пред Марјан Стојковски – Манта беа Сашо Наумоски, Хари Хаџи-Ристески и Трајче Маџоски.

Loading