Изложба
Единаесетата изложба на дела од светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” е отворена во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Претставени се дела од детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј Битола” со традиција од 57 години.
“Бисерите на Мал Битолски Монмартр” во Прилеп ќе бидат на увид наредните десетина дена.
Последните 44 без прекин ја реализира најстарата и најголема светска детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр”, на која само на конкурсот “Битола” за 2024 година пристигнаа над 800 пратки од исто толку државни и приватни школи од над 85 држави кои генерираат фонд од над 60000 детски ликовни цртежи.
Колонијата генерираше над 600 дела, со што збирот на цртежи од колонијата и конкурсот ја надмина од 1 500 000 цртежи за 44 години.