АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ниски луѓе – високи корупционери.

*

На светот му се потребни  многу Дедо Мразовци.

*

Чисти како солзи, ама туѓи.

*

Побарај ја среќата, ако сакаш и таа да те побара.

*

Цел свет треба да е братски ако сака да продолжи да постои.

*

Некој се мачи да ја наполни кошничката, некој шлеперот.

*

Очекуваме да мрднат со мозокот и оние кои досега не мрднале  ниту со малиот прст.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading