СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО СЕ ЗАСИЛУВА

Меѓуопштински центар за социјални работи

Децата сé почесто се жртви на насилство во семејството. Годинава има пријави врз шест деца од 5 до 12 години. Се зголемува бројот на пријави, споредено лани. Досега има 84 пријави. Ова го велат од Центар за социјални работи.

– За жал, годинава е зголемен бројот каде како жртви на семејно насилство се децата. Од друга страна,  добро е што е развиена свеста за препознавање на насилството врз децата од другите институции. Зголемена е меѓуинституционалната соработка за надминување на овој проблем – изјави Јасминка Митреска, раководител на одделение и социјален работник во Центар за социјални работи.

Потребно е подигнувањето на свеста за сексуалното вознемирување, демнењето и контролирачкото однесување како родови форми на насилство и нивното влијание врз благосостојбата и развојот на младите жени и девојки. Жртвите не препознаваат насилство и не пријавуваат. Мала е примената на мерката отстранување на насилникот од домот, како итна мерка која е во надлежност и должност на другите институции, а се изрекува во текот на 12 часа од пријава на насилството.

– Со тоа се зголемува стравот и неизвесноста кај жртвите, бидејќи се доведуваат во ситуација наместо тој што го предизвикува насилството да биде отстранет, жртвата е принудена да го напушти домот и да се смести било во семејство на блиски роднини, или во соодветен шелтер – центар – вели Тања Тренкоска Алексоска.

Жртвите одат во другите градови, бидејќи нема шелтер – центар во Прилеп. Стручните лица се соочуваат со закани, навреди и заплашувања кога треба да ја извадат жртвата од домот и да и се обезбеди соодветно сместување.

– Постои наше емоционално и професионално согорување, бидејќи недоставуваат соодветни обуки, психосоцијална поддршка, како и недостаток на стручен кадар во центрите општо – вели Ангела Чавкоска Симоноски, психолог во Центарот за социјални работи.

Активизмот против родово базираното насилство не треба да трае само 16 дена, туку  континуирано 365 дена во годината, велат од Центарот за социјални работи.

Loading