Шах
Светот сега го запозна Домараџу Гукеш, светското чудо, новиот светски првак во шах, најмлад во историјата, на 18 години. Ова момче од Индија, велемајстор, кога беше уште дете, на 15 години, во септември 2021 година одигра за Шаховскиот клуб Прилеп на Европскиот шаховски клупски куп во Струга. Затоа прилепските шаховски љубители навиваа за него. Засекогаш ќе остане во неговото досие дека бил член на ШК Прилеп. На финалниот меч за светски првак со 7,5:6.5 го совлада велемајсторот Лирен Динг од Кина, поранешен член на ШК Алкалоид од Скопје.
Досега најмлади светски шампиони беа Гари Каспаров (Советски Сојуз) и Магнус Карлсен (Норвешка) – на 22 години.