ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (270) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Времето наближува зимска пладнина. Свирачите Најденко и Петре Мурџески свирнаа на средселото за час време средселото се исполни со народ. Се виат весели ора и песни. Повеќето позагреани од ручекот подржан со разновидно вино во бои и шира, кој како го има. На овој божикен ден нема поделба на предходниот ден Божик. При квечерината се разнесе радосна вест меѓу присутните на средселото да Ристеска Ладејца Донка Јанкоска се породила со машко дете. Сите во смеја рекоја, затова Ладе денес го нема овде да е порача Џангурица да е игра. На новородениот пурденко сите присутни му изразија благослов да е здраво и живо новороденчето дете кај Ладевци. Неколкумина рекоја досега во Марул историски не е забележано за три празнични денови да било родени три деца. Веселбата на средселото со новата радосна вест од кај Ладевци се почувствува уште повесело. За третиот ден за Божик се истите адети, луѓето со примесено со цркварска кошница одат прво на гробишта, им палат свеќи на упокоените и со кошниците в раце одат во црквениот трем ги остават кошинците на своето седиште одат в црква, палат свеќи, прво на горните свеќарница за здравје на живите, на долните свеќарница палат свеќи за вечно починатите.

Жените, домаќинките започнуват со раздавање задушница од машката трпеза со одреден дел од кошницата и пагурче топла ракија со изговор, за душа за посоченото лице, примачот за задушницата благословува, за душа нека му е, се напива од пагурчето од ракијата и е прима задушницата. Така со ред ќе заврши раздавањето за задушница. Жените откако ќе го завршат раздавањето за задушница и тие нешто поткаснуват раздадено помеѓу себе за задушница. Додека присутните млади лица е продолжуват играта чимиток чифт тек со костени и ореви. Во трпезаријата се слушат три различни разговори. Моменталната ситуација кај мажите е поднапиени од топлата ракија е ситуацијата е со јагнењето на овците и за војните времиња во светот политиката и историјата од минатото. Кај женскиот пол е празникувањето, подновувањето со облека за празникот Божик, приготвување јадења за Божик. Додека младите интересот му е во смеа, играње чимиток и веселбата која ќе биди со музика на средселото од преку денот. Со тие работи завршува од последниот божикни ден. Со тоа присутните верници си земат кошницата и си одат дома. По марулска традиција внесено од 21 август 1895 година притрупот ги очистува трпезите доброволно, безплатно. Во овие разговори спомнувано и предавањето на тутунот в монопол и исплатената награда за квалитето на тутунот.

Народот си оди дома со истиот благослов традиција со сурови гранчиња фрлени дома во запалената печка за женски јагниња, машки дечиња, здравје на луѓето и добар дар и бериѓет во полето. Седнуват сите на поставената трпеза за ручек на богатиот божикни ручек.

После ручекот народот поново се собира на средселото при музиката средба на младите додека старите си се муабетисуваат за овци, јагниња, политика и војна. И домаќинките кои имаат време да појдат на средселото си имаат свој интерес, нагледуваат кој се подобро облечени чии гости ги има на средселото. Која домаќинка каков ручек им направила на нејзините куќни членови. Повеќемина од марулскиот народ кој не беа на првите два божикни денови од разни причини во здравствена состојба како овчари, говедари, домаќинки како редовници дома и др. на третиот божикни ден беа видени на средселото.

На третиов ден на Божик се забележани на средселото да има и надворешни гости. Бошеска Рада е со својата тајва, фамилија Аспровци од с. Подмол. Поред Рада и нејзиното момче Микајло беа свекорот Блаже, свекрвата Спаса и золвата Милјана. Колеска Најденка со момчето Мише Вешерески од с. Ношпал. Петреска Зора Бабјакоска од битолско Алинци со целата куќна тајва Минчевци со момчето Цане, свекорот Јован, за свекрвата и золвата, имињата се заборавени. Сите овие спомнати марулски девојки Рада, Најденка и Зора се потомки од Колевци стари деленици.

Тајвата на Петрески Ванѓел Бабјак не беше видена на третиот божични ден на средселото во Марул поради со младата невеста Томејца Милица беа појдени на гости кај нејзините родители Старецовци во с. Добрушево. Свекорот Ванѓел, свекрвата Мара, момчето Томе, невестата Милица и золвата Петкана – Пеша.

На овој трети Божикни ден на средселото се видоја и родителите на ново родените деца. Митрески Мите Мурџески, Анѓелески Алексо Кадичето и Ристески Ладе Јанкоски со по едно шише топла ракија во рацете и ги честеја луѓето на средселото за нивните родени чеда. После оваа случка со честењето од страна на родителите Мите, Алексо и Ладе кај присутните луѓе на средселото се разви голема веселба со орото Пајдушко предводено од Петре Бабјак, Јованче Мурџески, Милан Димитријоски, Живко Стеваноски, Алексо, Јован и Богоја Танески, Јованче Павлески, Алексо Василоски, Бабјаците Алексо, Ванчо, Димитрија, Митре тати зетовите Микаел Аспроски од Подмол, Мише Вешероски од Ношпал Цане Минчески од битолско Алинци, младинците Бошески Трајче, Колески Благоја, Јанкоски Трајче, Танески Ќиро и Сребре издробе земјата каменова под нив се тресеше Јанкоски Ладе со шишето в раце го водеше кецо.

За женското ситно за рака наречено Марица свирач беше зето Колески Мише Вешерески од с. Ношпал со позајмениот кларинет од Нацко Мурџески. И ова оро беше со голем радиус на играорки. Водач на орото беше Танеска Танејца Анѓа, по нејзе повеќе Танески жени, Алексојца Спасија, Богојојца Зора, Благојојца Лефтерија, Тодороска Лазарица Пауна, Бабјакоска Димитрица Драгица, Мирческа Јованчејца Коприна, Котеска Тодејца Босилка. Измеѓу жените на орото помешани ги имаше и повеќе девојчиња. Танески Ѓурѓа, Милица, Драгица, Павлески Спасија, Горица, Верка, Дамјаноски Слободанка и Славка, Орданоска Милица, Василоска Лоринка, Најдоска Илина, Јанкоска Бојана и Најденка. Мурџеска Алтана, Колеска Дуна, Танеска Стева, Коца, Алтана. Исто така, на орото беа фатени доскорешните марулски девојки сега невести Бошеска Ратка и Петреска Зора Бабјакоска. Со одигрувањето на овие две ора Пајдушкото од страна на машкиот пол, изведувањето на ситното оро женско за рака Марица од страна на женскиот пол беше многу интересно, изгледаше како некој културно музички натпревар меѓу половите.

Како најзабележлива во женското оро беше домаќинката, триесет ичетири годишната Здравеска Атанасица Илинка Чонеска. Тогаш во селото Марул се носеше селска везана ношна. Додека спомнатава домаќинка Илинка стално се носеше во градска ношна. Машкиот пол на орото му го пропушти правото на женскиот поради во нивното оро имаше повеќе играорки.

Времето одминува. Сонцето наближано за да се сокрија зад планината Древеник – Кале. Народот и гостите си заминуват. Средселото се испразни. Со тоа заврши третиот ден на Божик. Остана младината на корзото да разговарат за божикните денови за во 1959 година.

Продолжува    

Loading