Новогодишни пакети за пензионерите

Традиционално, здружението на пензионерите пред новогодишните и божикните празници на дел од своите членови им доделува подароци. Во сите 11 клубови во градов и дел од селата се одржуваат предновогодишни собири. Со игра и песна, во весело расположение се одбележува годината што веќе е при крај и се укажува на сработеното и се најавува тоа што треба да се направи. Прилепското здружение, познато посебно по постојаната грижа за членството со мали примања, за што доби и пофалница за хуманост од СЗПМ, годинава преку разграноците, со посебен правилник, на 300 членови им додели ваучери од по 1500 денари за набавка на колонијални производи. Неколку дена пред Новата година организираше заедничка празнична веселба.

 И здружението на инвалидските пензионери, со заеднички собир во Клубот, го одбележа меѓународниот ден на инвалидите – Трети декември. Слабо ситуираните членови не беа заборавени. Им беа доделени стотина новогодишни пакети од колонијални производи подарок на фирмата Даути комерц. На дел од членовите им беа доделени и други предновогодишни подароци.

Loading