На државното првенство по хемија во Скопје
Ученичката од четврти клас, Теодора Талеска, од СОУ “Орде Чопела” се закити со првата награда на државниот натпревар за средношколци по хемија во Скопје. Под раководство на менторот,професорката Каролина Боцеска, нејзината презентација за одржливост на храната ја воодушеви комисијата за оценување. Меѓу седумте конкуренти, таа ги засени ривалите и доби највисоки оценки за обвивките на овошјето со пчелин восок и со кокосово масло. Демонстира нови можности за подолготрајна одржливост на пакуваниот леб.
По матурата в година, Талеска има афинитети за хемијата и го мерка одделот за хемија на природно математичкиот факултет.