„Благовестие во бои” изложба од  Златко Лечковски

„Благовестие во бои” е изложбата на икони од уметникот Златко Лечковски, отворена во влезното фоаје од ЦК „Марко Цепенков”. Презентирани се 20 икони, а изложбата е дел од прославата на патрониот празник на градот „Св. Никола 2024” и ја реализираа Општина Прилеп и ЦК „Марко Цепенков”.

 Изложбата ја отвори Горјан Василески, историчар, кој го потенцираше значењето на византиската уметност.

Уметникот  Златко Лечковски, од Битола, од најмала возраст се пронаоѓа во ликовната уметност. Низ годините се посветува на изработка на икони за иконостаси, како и делови од живопис на ѕид, во неколку цркви и манастири во Преспанскиот регион, како и во соседна Грција. Со негови икони учествувал во неколку заеднички изложби, како и 10-тина самостојни, во најразлични градови од нашава земја. Негови дела можат да се видат низ земјите од Европа, а значајно е да се спомнат неколкуте икони што ги изработува за бискупот на Англиканската црква Ричард Чартрес и една икона за папата Франциско……

Loading