Од 15 декември до 15 јануари
“Секој ден расти бројот на производители во новогодишната кошничка. Досега се 713, а се очекуваат над 800 производи со пониски цени за најмалку 10 отсто”.
Ова го изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, додавајќи дека пред мерката биле 63 компании.
– Новогодишната кошничка се разликува од другите оти, прво, е креирана од бизнис секторот и вклучува производители, увозници, дистрибутери и трговци на големо и мало. Компаниите се пријавуваат секој ден. Првин беа околу 650 производи, а сега се над 700, или 63 компании – рече Ристески, очекувајќи над 800.
Заштедата ќе биде поголема од претходните, кога беа околу 520. Министерството ќе прави анализи на ефектите.
Имплементацијата ќе почне на 15 декември и ќе трае до 15 јануари со сите производи потребни на едно семејството.
До секој производ ќе стои знакот “Помалку трошоци, повеќе за тебе”, со цената вклучена со попустот.
Граѓаните немаат доверба во трговците, а Ристески уверува дека Инспекторатот будно ќе го следи спроведувањето на мерката.
Инаку, според Законот за заштита на потрошувачите, кога има одредени акции, треба да се земе најниската цена од претходниот месец, тоа значи од 15 ноември до 15 декември и да има најмалку 10 проценти попуст на таа цена.