Фељтон: Томе Велјановски
После завршувањето на вечерата доваѓа од страна на домаќинот делење на божикниот дел. Претежно костење, јаболка, круши, ореви, локуми, смокви на сите поделено подеднакво. Тоа е како награда од заедничкиот даден труд во годината.
Додека малите деца ќе добијат од нешто повеќе заради од плачки ќе го замешат дело заедно со од нивните родители. Знат дека сето од деловите е нивно.
После делбата на бадниковиот подарок кој како е слободен оди на спиење, но тука има една интрига, ако некој од својте заспија неговите најближни браќа или сестри ќе го зашијат за перница, то за хумор и смеја меѓу нив. Денот Коледе не е празник, е работен ден. Затова пак, многу домаќинки имат поставено котли во реката и перат преку тој ден. Поради се имат миено и менување на облеката за денот Божик. Додека денот пред Коледе е Св. Наум строг празничен ден.
Како што кажува нашите дедовци и баби откако Св. Наум и неговите другари соработници Климент, Ангелари, Горазд и Стефан биле протерани од Моравија од ѓердапските свештеници се вратиле во Македонија. Наум се вратил во Охрид, си изградил манастир и тука останал до крајот на животот свој.
На некој си земјоделец од охридските села мечката му го изела едниот вол од неговиот ѕевгар. Земјоделецот бил сиромав, не можел да купи друг вол и почнал да ора само со едниот вол. Случајно поминал Св. Наум и го прашал орачот зашто ора само со еден вол, дали си многу сиромав, кажи ја вистината, јас ќе ти помогнам. Орачот му одговорил на Св. Наум, не Оче, не сум сиромав, само деновиве мечката ми го изеде едниот вол. Сега ќе орам со едниот вол, додека не ми порасти малото јунче за да наполни три години, пак ќе имам ѕевгар волови.
Наум тогаш оштро се налутил, е пронашол мечката и е казнил три години, одела сама, се спрегала во јаремот заедно со другиот вол за орање. Откако ќе е завршеле работата со орањето со другиот вол, мечката сама се одспрегала од јаремот и си заминувала во непознат правец низ планината. Таа орала три години додека порастило малото јунче. Народот е сватил озбилно Наумовата казна со мечката и се одлучил да е поштуват неговата способност и се одлучиле да празнуват ден према Св. Наум Охридски. Исто така, дел од муслиманското население прашуват кога е тој, врти сучи вашиот Наум.
Наредното утро на првиот ден на Божик уште порано утрото сите домаќинки иако се уморни, недонаспани кошинците за задушница за упокоените за в црква ги полнат со разновидни артикли со определени членови од куќата одат црква и на гробишта за да им дадат почит на упокоените со топла напивка ракија.
Останатите домашни членови ги извршуват другите домашни работи. Се посетува крупната и ситната стока со месените воловарници и рагушки, им се турат иситнети во зопта. Воловарниците на крупната стока, додека ригушките на ситната стока на овците. Некој домаќинства овие адети со стоката го прават на Василица и на Водици. Овие подароци им се дават на стоката како бадников поклон за нивниот годишен вложен труд како помош при домаќинството каде живеат.
Се припрема божикниот мрсен ручек, претежно од перјави птици од гуски, кокошки, пајки или од мисирки. Цркварите си идат одма со зелени гранчиња в раце од разни сурови дрва ги фрлат во печката и дават благослов машки дечиња, женски јагниња, многу пилиња, прасиња, ждребина, прлина, телина и други куќни животни. На првиот ден на Божик од машка пол не се оди по куќи. Додека од женска пол ода по куќи за да благословуваат за женски дечина и до сите домашни животни за дар и бериќет во полето. Исто така, на првиот ден на Божик не се јади свинско месо, пажна од вошки.
После ручекот почнува собирот од народот за веселба на сред селото следено со музика, ора и песни. Така да на првиот божикен ден во ова година 1959 на сред селото се појавија две мусички групи на свирачи. Мурџески Најденко и Петре Малиот со кларинет и тапан. Додека оделно родот Бабјакоски со гајдата од Алексо Бабјак.
Народот на посвремената музика со кларинетот и тапанот има собир на јужната страна на завет од колективната зграда. А додека, Бабјакоскиот собир беше на сред селото каде се собират селските говеда. Народ повеќе имаше собрано на посовремената музика кај Најденко со кларинетот и Петре со тапанот. По кратко време гајдаџијата Алексо Бабјак дојде кај Нацко и Петре Мурџески и е поправија грешката без замерка.
Поради на денот Коледе половината селото беше свирено со кларинетот и тапанот, а додека беше свирено со гајдинска музика. И не се договориле кој ќе свири на денот Божик на сред селото. Алексо Бабјак го напушти бабјакоскиот табор, дојде кај Нацко и Петре Мурџески, порача оро, го изигра и поред него се повлекоја и останатите соиграчи од бабјаковци, се замеша со останатите насобрани марулци под колективната зграда, веселбата мирно си продолжи заеднички до крајот на денот за божиковата веселба. Преку денот се слушна една радосна вест да Анѓелеска Алексојца Милица Најдоска се породила, има женско дете тоа и е прво родено дете.
Наредниот, вториот ден божикни е со иста традиција, се оди в црква со полна кошница за Задушница на гробовите се палат свеќи за упокоените се оставија кошинците на трпезите во тремот поради свештеникот Смилевски Ванѓел добрушеецот во црквата имаше богослужбено литургија народот беше отиден таму да слуша пеание.
По завршувањето на литургијата верниците заедно со свештеникот Ванѓел се собра и поседна во трпезаријата во тремот и се започна со раздавање на задушница. Како сите, исто така и свештеникот Ванѓел добиваше задушница за упокоените домаќините односно присутните од машкиот пол е топлеја ракијата во земјените крандирина разгорениот оган и се честеја со топла ракија меѓу себе.
Во дворот од црквата насобрани во групи женски и машки младинци и е играт чифт, чимиток, тек. Таа игра чимиток чифт тек се игра на следниотначин. Се обложуват две лица да играт чифт чимиток тек. Лицето прво како изазувач буричка во неговиот џеб, е вади раката во тупаница и го прашува противникот со зборот чимиток, противникот гаѓа чивт или тек изазивачот е отвора раката за да види противникот ако во раката има два костени или ореви, а рекол чивт ги добива костените или оревите, зависи со што игра. Ако пак ривалот не погоди колку костени има во раката, тогаш ќе плати назад толку колку изазивачот има во раката костени или ореви. Тоа е игра без замерка и се игра додека едниот ќе изгуби. Или пак, цркварите ќе си одат дома.
После доваѓањето од црква верниците доваѓат дома со истиот обичај како и првиот божикен ден со зелени гранчина врлање во разгорената печка со благослов женски јагниња, машки дечиња. Многу пилина, прасина, телина, ждребина, дар и бериќет во полето, свадби и крштевки во куќите, здравје за сите итн. Трпезаријата е поставена, не е крената од синоќешната вечера, таков е адетот. Сите од домаќинската куќа седнуват за да руча. На вториот ден за Божик можи да има разно кувано јадење со свинско месо по нечија желба можи да се јади и пифтија.
Продолжува