Монте Карло
Монте Карло е главен град на кнежевството Монако, познат по казината. Живеат околу 15.000 жители. Населбата Монте Карло не го опфаќа само просторот околу казината и хотелите, туку и соседните Сент Мишел, Сент Роман – Тенао, кои се до плажата Ларвото.
Името е одиталијанско потекло. Наречен по кнезот Шарл Трети за време на неговото владеење.
Монте Карло е најлуксузната и најгламурозната коцкарница на светот. Европски Лас Вегас, затоа соне на многумеина е еднаш да се доживее и почувствува духот на гламурот. Особено е атарктивен пред божикните празници.
Што треба да се види?
Привлечна за окото е Операта, односно Салата Гарние. Била изградена од архитектот Чарлс Гарние како точен дупликат во минијатура на Операта во Париз. Аудиториумот е украсен во црвена и жолта боја, Има фрески и скулптури. Салата била отворена во 1879 г. со изведбата на Сара Бернард, облечена како нимфа. Првата опера Ле Гастон на Роберт Планкит во 1879 г., подоцна проследена со три исти изведби во првата сезона. Во раните години на 20 век, се прикажале добри претстави и настапиле уметниците Нели Мелба и Енрико Карузо. Театарот бил домаќин на светски продукции на опери. “Златната доба” исчезнала, бидејќи малите компании не можеле да ги надминат продукциите со астрономски цени. Хотелот Де Париз датира од 1864 г. во срцето на градот. Принцот Чарлс Трети од Монако го кренал на местото каде што требало да биде казино. Припаѓа на државната управувачка компанија која поседува и раководи со казиното Монте Карло, операта Монте Карло и хотелот Де Париз и е дел од елитните хотели во Монако. Де Париз располага со 106 соби и апартаани во 4 групи врз основа на погледот, декорацијата и луксузот. На Монте Карло му припаѓа најголемиот дел од уличната патека на Монако, каде што се одржува трката Формула 1, големата награда на Монако.
Монте Карло е посетуван од кралски семејства и од најпознатите јавни личности и филмски ѕвезди со декади. Релито во Монте Карло е едно од најпочитуваните и со најголема традиција.
Монта Карло мами со зелени пространства. Затоа прошетките се восхитување, а градините се празник за очите. Панорамата од терасата ги воодушевува сетилата за вид, оти од морето се доловуваат контурите на Монако. Одморот на урбаната опрема во парковите е земање здив за нов поход во откривање на градот, пред да се наѕре во луксузните продавници со по едно модено парче или чифт чевли од ретки брендови со астрономски и недостижни цени, блиски само за милионерите.
Текст и фото : Каролина Мицевска