Трета лига – Југ
Два прекина се во 13. коло, последно есенско од Третата лига – Југ. Во Големо Коњари, Големо Коњари – Дреново 2:1. Во записникот пишува: “Во 59. минута настана прекин поради физички напад врз главниот судија.” И во Лажани, Слога – Влазними јуниор 1:1, прекин во 46. минута. Во записникот пишува: “На полувреме претставникот на гостинската екипа побара идентификација за домашниот играч со број 1. Побаравме од домашната екипа играчот да се појави. Претставникот на домашната екипа не извести дека одма по завршувањето на првото полувреме му се слоши и со кола го однеле в болница.” И покрај прекините, без оглед на епилогот, Големо Коњари е есенски првак.
Табела: Големо Коњари и Башкими 25, Ултрас, Младост и Росоман 20, Венец 18, Питу Гули и Бучин 16, Дреново 11, Влазними јуниор 10, Слога 4.