Есен со 14 бода

Фудбал: Победа

Екипата Победа со освоен бод го заврши есенскиот дел од Втората лига. Во последното 15. коло, Победа – Детонит 0:0. По ремито прилепскиот тим е едно место повисоко на табелата, од 13. на 12., по поразот на Вардар Н. од Арсими. Така, Победа со Вардар Н. има ист број бодови – 14, но подобра гол-разлика. Вести во врска со Победа се очекуваат и во зимската пауза. Тие се поврзани со преговорите за влегување во клубот на турска компанија. Тие преговори биле во завршна фаза, па останува да се види дали ќе дојде до договор. Што се однесува до распоредот, првиот нареден меч е напролет, дома, со Брегалница.

Табела: Македонија ЃП 38, Брегалница 33, Башкими 32, Арсими 29, Детонит 25, Саса и Охрид 24, Скопје и Кожуф 22, Беласица 19, Новаци 18, Победа и Вардар Н. 14, Осогово 8, Борец и Вардарски 5.

Loading