За болницата
Прилепската пиварница, во кампањата “Мовембер – На здравје, за машкото здравје” донира на одделот за урологија во болницата медицинска опрема за 600.000 денари.
Годинава Прилепската пиварница, преку својот бренд Златен Даб, ја спроведе кампањата “Мовембер – На здравје, за машкото здравје” и месецот ноември го посвети на глобалното движење за подигнување на свесноста за редовна грижа за машкото здравје.
– Ноември стана симбол на машкото здравје во светски рамки, а кај нас преку брендот Златен Даб веќе е неизоставен дел од стратегијата за општествена одговорност, фокусирана на подигнувањето на свеста за рана превенција од најчестите заболувања кај мажите, но и за општото психофизичкото здравје. Во духот на одбележувањето на 100 годишнината на Прилепската пиварница решивме донацијата да ја направиме на одделот за урологија во болницата, изразувајќи ја грижата и солидарноста за градот како пример што треба да го следат и другите успешни компании – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепската пиварница.
– Прилепската пиварница одлучи да донира еден денар од секое испиено шише Златен даб за одделот за урологија. Средствата ќе се употребат за неопходни инструменти – рече Кире Јоноски, директорот на болницата.
-Старата опрема беше амортизирана. Од неколку комплети стигнавме на само еден комплет, и тој скоро дотраен. Со половична опрема голема е шансата да не се види некое мало тумурче во мочниот меур. Постоеше ризик да го прекиниме дијагностицирање на основните уролошки и патолошки состојби. Донација дојде како мевлем на рана, во моментот кога е најпотребна – истакна Трајче Јанкулоски, раководител на одделот за урологија.
Прилепската пиварница е трета година се придружува на глобалната иницијатива за подигнување на свесноста за поголема грижа за целокупното машко здравје, апелирајќи на редовна лекарска посета.