Мал фудбал: Турнир “Свети Никола”
На Хуманитарниот турнир во мал фудбал “Свети Никола” е осмиот ден, шестиот во кој настапуваат сениорите. Во оваа конкуренција се 32 екипи во 8 групи и борбата е за првите две места во секоја група, за влез во осминафиналето. Интересно е на паркетот во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и затоа трибината е преполна со гледачи. За квалитетот гаранција се имињата на екипите, познати од претходните години, како Фенербахче (Кичево), АСП Пак (Охрид), Гостилница кај Џек (Скопје), Фасада Чајник (Битола), Црна Река (Кавадарци), минатогодишниот победник Теа Андреа/Хајв кафе (Прилеп)…
Интересни се и пионерите, во салата на ОУ “Добре Јованоски”.