Џудо
На Балканското првенство за ветерани во Аминдео (Грција), македонските репрезентативци и членови на Џудо клубот Сеишин освоија два златни медала. Станува збор за Киро Здравески во категоријата до 66 и за Марјан Димески во категоријата до 90 килограми. Тие се новите балкански шампиони. Здравески беше и во улога на селектор на репрезентацијата на Македонија.
Клубот Сеишин има успешни во сите возрасни категории. Највозрасните се позитивен пример за помладите чие време доаѓа.