“ПО ИМЕ ГОСПОДИН”

Вечерва премиера в театар

На сцената од театарот вечерва од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата “По име Господин” по текст од Филип Леле, во режија на Борис Василески.

– Идејата да се отфрлат општествените правила и да се живее надвор од капиталистичките и потрошувачки рамки денес на Запад, се граничи со апсурд. За Господин, апсурдни и бесмислени се бесконечните потреби и норми на денешното живеење кои ги трошат и ги обезвреднуваат нашите животи. Преку глава му е од сé, па решава да се ослободи, да живее едноставно и да достигне апсолутна индивидуална слобода и независност, надвор од “капиталистичката работничка мелница”. Ниту прифаќа да работи, ниту да користи пари. Идејата му е радикална, не гледајќи на друга можност за себе. За да се издржува, во подрумот сместува еден необичен придружник – лама, која му помага да се одржува во живот без да се предаде на бескрупулозното секојдневие и материјализмот – вели Василески.

Играат, Димитар Ѓорѓиевски (Господин), Даниела Иваноска (Анета, Мајката), Михајло Миленкоски (Едни, Карл, прв иследник), Дарко Карбески (Норберт, Хајо) и Наталија Ристеска ( Силвија, втор иследник).          

Loading