ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (268) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Како и многу други лица исто така и Јанкоски Ристе во есента во 1913 година е мобилизиран за служење на воен рок во тогашната српска војска. Во есента во 1915 година доваѓа до судир помеѓу српската и бугарската војска во близината на градот Видин во близината на реката Дунав. О дповеЌе испукани бугарски куршуми прем асрпската војска еден куршум му го поништи о дкорен средниот прст на Ристе од левата рака.

Завршува Првата светска војна, Ристе си доваѓа од фронто дома како бугарски војник. Неговиот брат Трајан и брачед му Павле Плускач од с. Штавица идејќи од фронтот за дома кај селото Црничани битолско нагазуват на мина, биле разнесени телата нивни во мали парчиња.

Ристе Јанкоски е преживува војната и си доваѓа дома. Ги навоѓа децата Велика и Ладе сирачина без мајка му, Спасија умрела. Ристе во 1919 година се преженува за вдовицата Јованоска Анѓелејца Петра, негова врсничка од родот Танески од Марул, со која родуват четири деца: Дончо 1920, Алтана 1923, Китан 1925 и Цветко 1930 година.

Во есента 1922 година со доваѓањето по илегален пат преку бугарско-српската граница ореовчанецот Петре Ацев Јанкоски Ристе е избран за војвода на ВМРО за четирите села Марул, Бонче, Лопатица и Подмол. Јовчески Ристе е избран за секретар и благајник на ВМРО за во с. Марул. Откриени се од властите и осудени по две години затвор во пожаревачкиот затвор со повеќе негови марулски соучесници и тоа Јовчески Ристе курирот, Ристески Ристе Мурџески стражарот Петрески Велјан Бабјак и небудниот неопрезниот кмет Гулабоски Димитрија. За времето во НОВ со престојот на Втората македонска ударна бригада во Марул од 12 до 16 септември Ристе во базата на бригадата во црквата како хумана помош за храна го истура солилото од кацата овчко бело сирење преку 40 кила сирење е крева кацата и го носи на рамо на бригадата како помош, подарок. За времето во Колективот Ристе Јанкоски беше советник во Управата ин ашето село немаше никаква криза во тоа време. Ристе беше надарен говорник, почина во 10-тиот месец во 1953 година. По завршувањето на коледарското шетање низ селото луѓето се прибират дома за дочек на вечерата време Бадник спроти Рождеството на Исус Христос за вечерниот бадник се прават повеќе адети.

Не се прават куќни вечерни посети. Се припрема богата вечерна трпеза, јадење како посен грав, посна сарма, питулици посни печени на вршник потопени во топла вода, масло за јадење во можност и толчен лук. Можи да се спрема и мазник од печени кори на вршник потопени во топла вода помешана со масло наредени во тепсија потпечени во земјена црепна и покриена тепсијата со вжештен вршник и кога ќе омекнат корите незамислено е каков вкус и убавина е тоа јадење од мазникот. Се става воловарник во паличник од старо рало во вид на бројот осум, тоа е во чест на крупната стока. Исто така, се прават рогушки во чест на ситната стока на овците. Со овие лебчиња им се дава на именуваната стока во крмата помешани со трици.

Во вреќа се стават поред рогушките и булина можно е да бидат во вреќата и коледарските булина собрани при шетањето од преку денот. Исто така, се палат свеќи и кај стоката со едно одредено лице чувар додека свеќите самите да догорат. Откако сите адети ќе бидат завршени луѓето се собират дома, палат свеќи со крстење три пати преку градите завртени према исток. По завршувањето на сите адети, сите куќни луѓе седнуват поред трпезата за вечера послужени со топла ракија и со врсти вино црвено, бело и розово и благо вино викано шира.

Продолжува

Loading