Храбро во Охрид

Ракомет

Иако е рано да се зборува кои екипи ќе бидат во плејофот (меѓу шесте најдобри), а кои во плејаутот од Супер лигата за мажи, сепак се препознаваат кандидатите. Сериозен кандидат е тимот Прилеп, по победата од 32:31 врз Куманово. Иако гостите водеа со 6 гола разлика, прилепскиот состав направи пресврт. На полувремето беше нерешено, 14:14. Најдобар стрелец во победничкиот состав е Никола Цветаноски со 8 гола. Следи гостување кај силниот Охрид. Тимот на Прилеп со храбра игра може само да добие, ништо не губи.

Табела: Алкалоид и Вардар 24, Еурофарм Пелистер 22, Охрид 20, Бутел 14, Прилеп 12, Пролет и Тиквеш 11, Куманово 6, Бисинов 5, Струга 4, Радовиш 1.

Loading