Голем успех во Белград

Шах

Македонија најубаво ја претставија двајца прилепчани на 37. издание од престижниот шаховски “Трофеј на Белград”. Одлична игра на ВМ Звонко Станојоски. На 9 партии постигна 6 победи (против ривали од Индија, Русија, Србија, Грција, Израел и Азербејџан), трипати ремизира (со Кинез, Србин и Грк), па со вкупно 7,5 поени е на второто место, веднаш под ИМ Бо Ли од Кина, со ист број поени – 7,5. Станојоски доби сребрен медал и парична награда – 1.000 евра.

Добра игра прикажа и вториот наш претставник, ФМ Роберт Велески. Тој постигна 3 победи (против двајца Срби и Кинез), петпати ремизира (со тројца Срби, Кинез и Азербејџанец), а доживеа само 1 пораз (од Ерменец). Со 5,5 поени го освои 31. место.

Учествуваа 167 шахисти од 22 држави.

Loading