Денеска е стартот

Мал фудбал: Турнир “Свети Никола”

Хуманитарниот турнир во мал фудбал “Свети Никола” почнува денеска и ќе трае до 22 декември. До средата беше пријавувањето на екипите со уплата на котизација за учество – сениорските по 10 илјади, пионерските по 3 илјади денари, а веднаш потоа и ждрепката со одредувањето на распоредот. Како и во минатото, учествуваат екипи од цела Македонија, со играчи и од највисокиот ранг, бидејќи паричните награди за сениорите се примамливи – 300 илјади денари за прво место, 180 илјади за второ, 70 илјади за трето. Организацискиот одбор, предводен од Никола Трајкоски, претседател на КМФ Победа, поддржан од Министерството за спорт, Општината Прилеп и компанијата Комфи ангел претендираат на многу публика во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Одредена е популарната цена на влезниците од по 50 денари. Пионерите ќе настапуваат во салата од ОУ “Добре Јованоски”.

Минатата година победник беше екипата Теа Андреа/Хајв кафе.

Loading