Дела  на Васил Костов

Изложба

“Сеќавање” е ретроспективната изложба на дела од уметникот Васил Костов што ќе биде отворена вечерва од 18 ч. во Ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Ќе ја отвори Елена Чагороска, историчар на уметност, која посочува дека ликовниот профил на Костов е препознатлив, синоним на континуитет и развој на ликовната уметност во Прилеп.

– Со ликовната поставкасе заокружува и се остварува замислата за комлетна презентација на уметничкото достигување, најголем успех во ликовната дејност кој остава печат на уметник на прилепската, македонската ликовна сцена и пошироко. Со творечкиот период од шест децении е неуморен  и неисцрпен уметник на разновидна техника и материјали: масло на платно, акварел, гваж, графика, обиди на работење во дрво и други материјали. Беше сценограф во театарот “Војдан Чернодрински” со повремени студиски престои во Париз, Венеција, Москва, Варсхава… Последните години од животот ги посвети на непополнети моменти, сеќавања од детството, како бегалец од Егејска Македонија, со многу страдања и слики од доживеани настани. Полн со емотивни чувства, секоја слика е сеќавања и доживувања, како циклусот со тематика бегалците од Егејска Македонија. Впечатлива е едноставноста  која сведочи за едно време полно со тага, без правда, талкање и безнадежност. Творбите на Костов содржат извонредно доследен, естетски, сублимиран вид создавање, на едно колористички и обликувано, диференцирано и специфицирано ликовно творештво. Успеваше да постигне ефекти на рамнотежа меѓу формата, идејата, композицијата, тоналитетот и нарацијата. Делата фантазијата во играта  на боите, хармоничност и потези кои го напојуваат окото – вели Чагороска.

Васил Костов имал бројни самостојни и групни изложби. Бил добитник и на повеќе награди.

Loading