АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ред се создава на еден начин, а не на еден или друг.

*

Кога владеат евтини луѓе вирее скапотија.

*

За да ги разбираш луѓето прво треба да се разбереш себе си.

*

Дали е потребен булдожер и во политиката?

*

Кој нема самодоверба нема доверба во ништо.

*

Децата треба да живеат подобро од родителите.

*

Никој не може да биде овластен да ја продава историјата.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading