Вторпат нерешено

Ракомет

Во 12. коло од Супер лигата на Македонија за мажи, Пролет – Прилеп 23:23. Како и на 7 септември во Прилеп, истите ривали одиграа пак нерешено. Тогаш беше 30:30. На тој меч во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” скопјаните водеа со 5 разлика, но до крајот прилепскиот тим направи пресврт, а сепак успеа да се избори само за бод. На вториов дуел, во салата “Македонско сонце” во Скопје, обратно – Прилеп на гости имаше и водство од 5 гола разлика, но крајниот исход е поделба на бодовите. Најистакнати стрелци: Томислав Димковски и Мохамед Таоуфик по 6 гола (Пролет), Пеце Рајатовски и Никола Цветаноски по 6 гола (Прилеп). Претстои можност за нови бодови, оти Прилеп е фаворит викендов дома со Куманово.

Табела: Алкалоид и Вардар 22, Еурофарм Пелистер 20, Охрид 18, Бутел 14, Пролет и Тиквеш 11, Прилеп 10, Куманово 6, Бисинов 5, Струга 4, Радовиш 1.

Loading