Тежок дуел со Борец

Кошарка

Дуелот Мега баскет – Борец е викендов  во 8. коло од Втората кошаркарска лига на Македонија. Претстои голема битка во салата од ОУ “Добре Јованоски”. Тоа го навестува изгледот на табелата – Борец со 13 бода, Мега баскет со 11. Прилепскиот тим на тренерот Мико Голубовиќ досега се покажа доволно силен да се спротивстави на секој ривал.

Претходно на истиот паркет се случи голем триумф на прилепскиот тим, Мега баскет – Црн Дрим 83:79. Вреден успех врз струшкиот состав кој досега имаше само еден пораз. По четвртини резултатите беа: 26:25, 13:9, 19:18 и 25:27. Гостинскиот тим се обиде преку шутеви оддалеку и погодени 13 “тројки”, но домашниот покрај 9 “тројки” се покажа поуспешен во другите елементи.

Табела: Соколи и Борец 13, Ангели и Црн Дрим 12, Маџари, Охрид и Мега баскет 11, Бутел и МЗТ Уни банка 10, Работнички и Водно 8, Академија ФМП 7.

Loading