Фудбал: Победа
Во 13. коло од Втората фудбалска лига на Македонија, Победа – Скопје 0:2. Двата гола се постигнати во финишот, преку играчи со исто име. Стрелци: Христијан Коцев во 83. и Христијан Кировски во 91. минута. Не само што Победа оствари лош резултат, ами и одигра лошо. Поразот е втор во серија, по претходниот неуспех со Осогово во Кочани.
Претстои тешка задача за поправање. В сабота е гостувањето кај Кожуф во Гевгелија. Нема да е лесно, оти домашната екипа е четири места повисоко на табелата, а има и пет бода повеќе.
Табела: Македонија ЃП 32, Брегалница 30, Башкими 29, Арсими 26, Охрид, Детонит и Саса 21, Кожуф 18, Новаци 17, Беласица и Скопје 16, Победа 13, Вардар Н. 11, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.