Театар
Во театарот се интензивираат пробите за новата претстава, “Го викаа Господин” што ја режира Борис Василески. Претставата е по текст на Филип Леле, современ германски автор. Ја следи приказната на Господин, човекот кој на донкихотски начин решава да се бори против капитализмот, па влегува во борба со целиот свет.
– Современо случување на доцнокапиталистичкиот начин на живот. Каква позиција зазема светот кога парите безрезервно го диктираат темпото на живот, а петтостепени станаа сите вредности – вели режисерот Василески.
Паралено, во театарот почнаа пробите на “Ученикот” од германски автор Мариус Фон Маербург. Режисер е Кирил Петрески.